ЕКОТЕХ ЛАБ С како овластен технички сервис врши висококвалитетни и професионални услуги во областа на радијационата заштита во медицината и индустријата во согласност со безбедносните стандарди (BSS) на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на РМ бр. 48 од 2002 година)

...
Мерење на амбиентален дозен еквивалент - животна средина

Теренски мерења со цел детектирање на напуштени извори на јонизирачко зрачење и друг вид на радиоактивен материјал во животната средина кои може да предизвикаат штетни последици по здравјето на луѓето, животната средина и економијата, а со посебен акцент на контрола на сировини од старо железо и рециклирани метални производи во металната индустрија.
...
Мерење на брзина на амбиентален дозен еквивалент - работна средина

Мониторинг на работна средина и класификација на контролирана и надгледувана зона со цел да се избегнат штетни последици од зрачење по здравјето на пациентите и професионално изложените лица во просториите на субјектите кои користат извори на јонизирачко зрачење.
...
Контрола на квалитет на РТГ уреди | QA/QC RTG

Процедурата за извршување на контрола на квалитет на дијагностички РТГ уреди вклучува активности за утврдување на исправноста на техничките перформанси на уредите кои се користат во медицината и индустријата со цел да се постигне оптимална дијагностика со минимално дозволена изложеност на пациентите и професионално изложените лица.
...
Персонален дозиметриски мониторинг

Оптимизација на дози за професионално изложени лица со процена на трите основни заштитни мерки: време на експозиција, растојание и физичка заштита, согласно упатствата на меѓународниот ALARA систем (As Low As Reasonably Achievable).
...
Изработка на програма за радијациона заштита при работа со РТГ уреди

Програмата за радијациона заштита ги утврдува сите потребни услови за безбедна примена на Х-зраци за персоналот, пациентите и околината со посебен акцент на техничката контрола на апаратот, мониторинг на работната средина, персоналната дозиметрија и заштитната опрема на вработените и пациентите.
...
Елаборат за заштита од јонизирачко зрачење

Елаборатот се изработува со цел да ја процени техничката сообразеност на заштитата во просторијата во која се наоѓа изворот на зрачење со условите пропишани со закон, правилници и упатства кои се однесуваат на дадената јачина на изворот.
...
Интерни / Групни обуки

Интерните обуки се организираат на работно место за лицата кои ракуваат со извори на зрачење со цел нивно безбедно користење, трансфер на знаења и практични решенија и проценка на ризици.
Групните обуки, таканаречени ЗЕЛЕНИ СРЕДБИ се организираат за професионално изложените лица со цел градење на одговорна култура на радијациона сигурност преку размена на искуства и нови достигнувања во радијационата заштита.