Во мај 2003 година, Екотех Дозиметрија – Подружница во Скопје, се позиционираше како прва приватна компанија во областа на радијационата безбедност во Република Македонија. Корените се протегаат до матичната компанија Екотех Дозиметрија во Загреб, Република Хрватска. Подружницата се развиваше под водство на амбициозен менаџмент и посветен професионален тим. Од 2022 година, како резултат на непрекинат раст, се гордееме со мешовито македонско-хрватска структура – компанија ЕКОТЕХ ЛАБ С.
Со модерни лаборатории акредитирани според ISO 17025 и опрема од врвни светски производители, ЕКОТЕХ ЛАБ С е синоним за одговорност и квалитет. Нашите методи (осум) се во согласност со безбедносните стандарди на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во Виена, што обезбедува континуирано следење на глобалните трендови и практики во радијационата заштита.
ЕКОТЕХ ЛАБ С во 2010 година стана првиот лиценциран технички сервис на Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија и доверлив партнер во обезбедувањето на радијациона безбедност на 400+ субјекти од областа на здравството и индустријата. На годишно ниво вршиме мониторинг на персонална дозиметрија на 1200+ професионално изложени лица и контрола на 300+ уреди со извори на јонизирачко зрачење.
Како резултат на нашата експертиза, стекнавме доверба од бројни странски компании со производни капацитети во државата како и успешна соработка со научни институции, стручни здруженија и лаборатории во земјата и регионот.
Како општествено одговорна компанија, ЕКОТЕХ ЛАБ С реализира редовни обуки, изготвува програми и елаборати за заштита, промовирајќи ги најдобрите практики за ракување со извори на јонизирачко зрачење во здравството и индустријата.
Веќе две децении, ЕКОТЕХ ЛАБ С претставува водечка компанија во областа на радијационата заштита, инвестирајќи во своите капацитети и грижата за населението и животната средина.
Тимот на Екотех ЛАБ С е составен од искусни стручни лица со долгогодишно искуство во радијационата заштита. Политиката на компанијата обезбедува услови за континуиран напредок преку следење на меѓународните достигнувања во оваа област.