Акредитирана и лиценцирана лабораторија за радијациона заштита

АКРЕДИТИРАНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ТЕСТИРАЊЕ

Акредитацијата демонстрира компетентност со што се зголемува довербата кај клиентите.
Како акредитирана лабораторија, ЕКОТЕХ ЛАБ С континуирано врши проценка на сопствените капацитети преку процес на ре-акредитација на годишно ниво. Благодарение на изградениот систем на менаџирање со квалитетот на услугите и примената на најдобрите практики, гарантира ефективна радијациона заштита. Овој систем опфаќа:
- редовна калибрација на опремата
- меѓулабораториски тестирања со партнерски лаборатории во регионот
- следливост на резултатите
- предвидување на ризици
- усовршување на стручниот персонал.

Сертификат за акредитација број ЛТ-016 MKC EN ISO/IEC 17025:2018 за акредитирано тело Екотех Дозиметрија ДОО – Подружница во Скопје.
Сертификат за акредитација број ЛТ-097 MKC EN ISO/IEC 17025:2018 за акредитирано тело Екотех Лаб С ДОО, Скопје од 2023 година.

...

Сертификат за акредитација / број:

ЛТ – 097

Акредитирано тело:

Екотех Лаб С ДОО, Скопје Адреса: Бул. Кузман Јосифовски Питу, бр.28 15/16, 1000 Скопје

Краток опис на опсегот на акредитација:

Тестирање на јонизирачко зрачење со определување на амбиентален дозен еквивалент, определување на персонална дозиметрија и проценка и рутински тестови во медицинските одделенија за снимање

Прва акредитација:

07.06.2023

Дата на важност на сертификат:

06.06.2027

...

ОВЛАСТЕН ТЕХНИЧКИ СЕРВИС

Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Северна Македонија издаде Дозвола за работа на ЕКОТЕХ ЛАБ С, под број 14-125/4 од 20.06.2023 година со важност до 20.06.2026 година врз основа на Закон за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност (Службен весник на РМ бр. 48 од 2002 година), глава III, член 7, а во согласност со Правилникот за критериумите во однос на просторните услови, објектите, материјалnо- техничката опрема и стручниот кадар на овластените стручни технички сервиси и на правните лица за деконтаминација како и формата и содржината на барањето за издавање на лиценца и формата и содржината на лиценцата. (Сл.весник на Р.М. бр.130/11) и Сертификатот за акредитација под број ЛТ-097, од 07.06.2023 година со важност до 06.06.2027 година.

Овластен стручен технички сервис за дозиметриски мерења и мониторинг на работна средина

Овластен стручен технички сервис за дозиметриски мерења и мониторинг на работна средина – мерење на гама зрачење: на граница, на секундарни суровини (старо железо и други метали) и на готови метални производи (слабови, лимови и др.)

Овластен стручен технички сервис за мерења на степенот на надворешна изложеност на работно изложени лица

Овластен стручен технички сервис за биодозиметриски мерења на индивидуална изложеност на јонизирачко зрачење

Овластен стручен технички сервис за вршење мерења заради обезбедување на квалитет и контрола на квалитет на опремата